Општи услови

Веб страницата www.optikasfera.mk е веб страница во сопственост на ОПТИКА СФЕРА ДООЕЛ СТРУМИЦА преку која се врши нарачување на производите од подружницата Оптика Сфера Струмица. ОПТИКА СФЕРА ДООЕЛ СТРУМИЦА не ги складира податоците за вашите кредитни картички, трансакциски сметки и сл. Сите нарачки што ги имате остварено преку оваа страница ќе ви бидат доставени на адресата која ја имате внесено во формата за нарачка.

Со пристапување до нашата веб страница www.optikasfera.mk и услугите кои ги нуди, вие се согласувате со општите услови за користење, сите применливи закони и се согласувате дека сте должни да ги почитувате. Доколку не се согласувате со условите за користење, не користете ја страницата. Сите материјали кои се поставени на оваа страница се заштитени со Законот за авторски права и ниту еден дел од страницата не смее да биде употребуван без дозвола од сопственикот.

Сите нови информации што ќе се додаваат на веб страницата исто така подлежат на Општите услови за користење. Најновите измени на условите за користење можете да ги следите во кое било време на оваа страница. OПТИКА СФЕРА ДООЕЛ СТРУМИЦА го задржува правото да менува делови од Општите услови директно на оваа страница. Како корисник на нашата страница и нашите услуги корисникот е должен да ги следи измените. Доколку продолжите со користење на нашата веб страница значи дека се согласувате со нашите Општи услови за користење.

Заштита на лични податоци

Повеќе за заштитата на личните податоци можете да прочитате на страницата Политика за приватност.

Услуги

Ние го задржуваме правото да одбиеме или престанеме да ги нудиме нашите услуги во кое било време од која било причина.

Вие разбирате дека вашите лични податоци може да бидат користени за да ве контактираме и за да ви ги доставиме нарачаните производи (телефонски, по пат на електронска пошта и домашна адреса). Исто така, разбирате дека личните податоци кои ги оставате на оваа веб страница може да се префрлаат електронски на повеќе уреди, со цел услугата која ја имате порачано да биде обезбедена.

Точност на објавени материјали

Ние го задржуваме правото да ги ажурираме податоците на оваа веб страница во кое било време, но немаме обврска да ги обновуваме податоците. Вие сте согласни дека следењето на промените на оваа веб страница е ваша одговорност.

Промена на услуги и цени

Цените на нашите производи може да се променат без претходно известување.

Ние го задржуваме правото во кое било време да ги промениме цените и услугите или целосно да ги прекинеме, без претходно известување. Ние не може да се сметаме за одговорни кон вас или трети лица за какви било промени, намалување или зголемување на цени и прекинување на услугите.

Продажба на услуги или производи

Определени производи или услуги може да бидат достапни исклучиво преку оваа веб страница. Овие производи или услуги може да имаат ограничени количини на залиха и може да се вратат или заменат исклучиво преку правилата кои се содржани во Политиката за враќање.

Ние се потрудивме да ги прикажеме сите производи колку што е можно попрецизно и поблизу до реалната состојба, но ве молиме внимавајте, бидејќи производите може да отстапуваат од оние на сликите. Не можеме да гарантираме дека боите и фотографиите ќе одговараат комплетно на перцепциите за производот.

Ние го задржуваме правото да ја ограничиме продажбата на нашите производи за кои било лица или региони. Го задржуваме правото за да ги ограничиме количините на производите кои ги нудиме. Сите описи на производите се подложни на промена во кое било време, без претходно известување. Го задржуваме правото да престанеме со продажба на кој било производ.

Не можеме да го гарантираме квалитетот на производите и услугите кои ги нудиме, ниту пак можеме да гарантираме дека можеме да ги поправиме евентуалните грешки кои може да се појават во производите.

Нарачки и фактурирање

Го задржуваме правото да одбиеме каква било нарачка која ја имате направено на оваа страница. Можеме сами, без претходно да ве известиме да ги ограничиме или комплетно избришеме производите нарачани од кое било лице. Овие ограничувања може да вклучуваат и нарачки кои се однесуваат на иста корисничка сметка или нарачки кои користат иста адреса на фактурирање или испорака. Откако ќе ја откажеме нарачката може да пробаме да ве контактираме преку електронска пошта и/или домашна адреса/телефонски број кој што е оставен од вас кога е правена нарачката. Го задржуваме правото самостојно да одлучиме да ограничиме или забраниме порачки кои се сомнителни, направени од препродавачи или дистрибутери.

Вие сте согласни да обезбедите точни податоци при нарачувањето за сите производи кои се нарачани преку нашата веб страница. Се согласувате навремено да ги ажурирате податоците на вашата корисничка сметка и други информации, вклучувајќи електронска пошта, со цел да можеме да ве контактираме за направените нарачки.

Дополнителни алатки и апликации

За користење на нашите услуги може да ви дадеме пристап до алатки или апликации направени од трети лица над кои ние немаме влијание ниту контрола.

Свесни сте и се согласувате дека ние обезбедуваме пристап до таквите алатки и апликации такви какви што се, и за перформансите на истите не можеме да гарантираме. Ние немаме никаква одговорност во случај на проблеми поврзани со користење на алатките и апликациите што ги нудат трети лица.

Која било употреба на алатките и апликациите обезбедени од трети лица е на ваш сопствен ризик и дискреција и на ваша одговорност е да се запознаете со условите за користење на алатките и апликациите.

Овие правила важат и за услугите, алатките и апликациите кои ќе ги обезбедуваме и во иднина.

Грешки и испуштени податоци

Повремено може да има информации на нашата веб страница кои содржат грешки во пишувањето, неточни информации или испуштени работи што се однесуваат на описот на производот, цената, промоциите, понудите, висината на надоместокот за испорака, времето за испорака и достапноста на производот. Го задржуваме правото да ги коригираме ваквите грешки, неточни информации и испуштени податоци и да ги промениме или откажеме нарачките доколку некои од информациите на веб страницата се неточни во кое било време без претходно известување (дури и откако имате направено порачка).

Немаме никаква обврска да ажурираме или појаснуваме информации и податоци кои се дадени на оваа веб страница, освен оние кои се во согласност со законите на Р. Македонија. Не сме обврзани да објавуваме датуми на ажурирање на таквите податоци, ниту да праќаме посебни известувања.

Гаранција за квалитет на производите и услугите

Не гарантираме дека користењето на производите, апликациите или услугите нема да биде прекинато, временски ограничено, без грешки или во согласност со вашите очекувања за производите или услугите. Се согласувате дека од време на време ние може да ги отстраниме нашите услуги на неопределено време или целосно да ги прекинеме, без да бидете претходно известени за тоа.

Се согласувате дека користењето на оваа страница и производите кои се достапни на неа вклучувајќи ги и апликациите кои се придружни членки е на ваш сопствен ризик.

ОПТИКА СФЕРА ДООЕЛ СТРУМИЦА и фирмите поврзани со неа, нашите директори, службеници, вработени, соработници, партнери, агенти, практиканти, добавувачи или корисници на лиценца не се одговорни за каква било повреда, директно или индиректно предизвикани штети од каков било вид, вклучувајќи загуба на профит, заштеди, загуба на податоци итн.

Фактурирање и контакт во врска со производите

После секоја успешна нарачка, системот на нашата веб страница автоматски испраќа електронска порака до вашата електронска адреса, во која се содржи автоматски генерирана фактура.

Доколку е избрана опцијата плаќање при достава, плаќањето на вкупната сума на фактурата се врши во моментот кога ќе ги примите производите кои сте ги нарачале.

Доколку е избрана опцијата плаќање со кредитна картичка плаќањето на целиот износ на нарачката се врши по успешно внесување на податоците за картичката.

Завршни одредби

Овие услови за користење се на сила, освен ако не бидат прекинати од една од страните. Овие правила ќе престанат да важат кога ќе престанете со посетување на нашата веб страница или откако ќе не известите дека повеќе не сакате да ги користите нашите услуги.

Промени во Општите услови за користење

Последни промени – 21.05.2021 год.

Контакт

Сите прашања во врска со Општите услови за користење може да се достават на [email protected]

ОПТИКА СФЕРА ДООЕЛ СТРУМИЦА
БУЛ. МАРШАЛ ТИТО БР.6, 2400 Струмица
ЕДБ: 4027008503885
Матичен број: 6357849