Испорака и прием на производите

При доставата купувачот е должен да ги провери производите и да провери дали одговараат на неговите очекувања. Освен ако не е наведено бесплатна достава при вршењето на нарачката, купувачот е одговорен за трошоците за достава. Услугата за достава на производите понудени на оваа веб страница важи за територијата на Република Северна Македонија. Доколку сакате достава во друга земја, контактирајте нè на [email protected] со детали за производите кои сакате да ги нарачате и вашата локација за да ви бидат обезбедени тековни информации за трошоците за достава.

Бесплатната достава не важи за пратки надвор од Република Северна Македонија.

Враќање на производите

OПТИКА СФЕРА ДООЕЛ СТРУМИЦА овозможува замена на производ или рефундирање на средства за производите кои се купени и платени од е-продавницата www.optikasfera.mk, под долунаведените услови:

Доколку производите кои сте ги добиле не одговараат со форма, боја, вид, крој или на било кој начин со вашите очекувања, може да побарате замена на производот за друг производ. Во случај на непостоење можност за замена имате право на поврат на средствата според условите наведени овде.
Контактирајте нè најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката на телефонскиот број  +389(0)72/237-847 или испратете ни е-пошта со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата [email protected] со наслов „Рефундирање на средства“, и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе ве извести за понатамошната постапка.
Производот може да го вратите или замените во рок од 7 дена од денот на направената нарачка. Производот мора да биде неоштетен и неупотребуван, со оригиналната етикета. Во таква состојба, уредно спакуван можете да го вратите производот во OПТИКА СФЕРА ДООЕЛ на адреса: Маршал Тито бр.6, Струмица. Трошоците за достава при замена и враќање се на товар на купувачот.
По приемот на производот се утврдува дали производот е неоштетен и неупотребуван, по што продолжуваме кон испраќање соодветна замена или враќање на парите.
Во случај да барате враќање на паричните средства, откако ќе го вратите производот во OПТИКА СФЕРА ДООЕЛ во горенаведената состојба, средствата во висина на износот на нарачката освен трошоците за достава ќе ви бидат префрлени на истата трансакциска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот или на сметка која ќе ја посочи купувачот доколку плаќањето го вршел при испорака. Трошоците за достава не се рефундираат.

Измени во Политиката за достава

Ве известуваме дека OПТИКА СФЕРА ДООЕЛ СТРУМИЦА како сопственик на оваа веб страница ги задржува правата за можни измени на Политиката за достава на производите без обврска за претходно известување на корисниците.

Корисниците се должни да ги следат измените на оваа страница за да бидат информирани за условите за враќање на производите пред да ја направат порачката.

Користењето на нашите услуги значи дека се согласувате со правилата наведени овде.

Последни промени: 21.05.2021 год.

Контакт

За дополнителни информации контактирајте нè на [email protected]

ОПТИКА СФЕРА ДООЕЛ СТРУМИЦА
БУЛ. МАРШАЛ ТИТО БР.6, 2400 Струмица
ЕДБ: 4027008503885
Матичен број: 6357849